Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на НУ Национална опера и балет и НУ Танец на 14.12.2023, 21.00 ч

На барање на публиката на сцената на Националната опера и балет на 14 декември 2023 со почеток во 21.00 часот ќе се одржи музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.

Повеќе од 130 учесници на сцената, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.


Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, добија уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Известување до сите академски графичари од Куманово за изложбата „Кумановски графичари 2024“

Од НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово известуваат дека на 14 ноември 2024 …