МУДРОСТ – Зошто познатата глумица, Хелен Мирен, на сите им зборува „Ајде пали“: Многу вреден совет!

Таа е самосвесна и слободна жена. Од Хелен Мирен може многу да се научи.
Навикнати сме на теророт на младоста и пластичната убавина, а Мирен ни покажува како може поинаку – со помош на работа, став и достоинство. Таа не се плаши да го каже она што го мисли и знае да го каже тоа артикуларано и директно во целта. Ова се некои нејзини незаборавни цитати што можат да ве инспирираат да бидете послободни и свои.

1. Сега кога имам 70 години, она што би го советувала на помладите од себе е почесто да кажуваат„ајде бегај“ или „ајде пали“ во смисла да замине некаде.


2. Сè уште го имам тоа „циганско“ чувство за авантура. Мислам дека немам спиено во ист кревет повеќе од три или четири месеци, во целиот мој живот. Јас секогаш садам зеленчук чии плодови на крајот не ги јадам и цвеќиња што нема да ги видам како цветаат. Отсекогаш се движам низ целоиот свет.


3. Целата работа околу облекувањето е луда. Можете да потрошите еден долар на јакна во некој мал бутик, на пример во „Втора рака“. И можете да потрошите илјада долари на јакна во мега-продавница. И, ако ги видите овие две јакни како шетаат по улицата, веројатно не би знаеле која каде е купена.

4. Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, кои ги немам, првото нешто што ќе ја учам мојата ќерка е да каже:„ајде пали“.

5. Најтешкиот период во животот се дваесеттите. Тоа е штета затоа што вие сте најубави тогаш и физички во најдобра кондиција. Но, тоа е и период кога сте најнесигурни и полни со сомневање во себе. Кога не знаете што ќе се случи, страшно е.


6. Јас сум тип на личност која се облекува в „втора рака“ продавници но отвора шише шампанско.

7. Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби ќе одбијат да кажат така, но ако земете која било жена, и се вратите 40. години наназад и кажете: “Дали е овој свет во кој би сакале да живеете?”
Таа би рекла „Не“.

8. Чудно е што, станува ви поудобно во вашата кожа, дури и кога времето ви дава се помалку и помалку причина да го сторите тоа. Кога сте млади и убави, вие сте параноични и мизерни. Мислам дека една од најголемите придобивки од стареењето е тоа што се ослободувате од некои работи.
9. Моите четириесетти беа добри. Педесеттите години одлични. Шеесеттите години се фантастични. А 70-тите се проклети феноменални.

10. За време на мојот живот, гледав 16-годишни девојки што продаваат убавина, па мислам дека е неверојатно што сега 70-годишните жени промовираат производи за жени на возраст меѓу 60 и 80 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …