Можете и вие: Иванка Трамп се облекла за 3.000 денари

Често не е баш одмерена со изборот на модните парчиња, позната е како апсолутна икона на стилот во Америка, но и’ како ќерка на претседателот на САД, Доналд Трамп. Иванка Трамп пред неколку дена во Белата куќа се појавила во необичен комплет.
Иако многумина ја критикувале дека се облекла „како тетка“ на Иванка никој не може да и оспори дека не ги следи есенските трендови. И’, кога станува збор за бојата, дезенот и кројот.
Жолтиот џемпер на раквите има копчиња во облик на бисери, детал кој ова сезона „се преселил“ на облеката, а карираното се носи на сите можни начини.
Она што е најдобро од се’ е дека „целиот комплет“ Иванка го купила во „Зара“ а за него се потребни 3.000 денари, односно 50. евра, според европските цени. За кај нас…
Ако може Трамп можете и вие…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …