Прикажана е црнкиња која соблекува кафеава маичка, а под скинатата маичка е жена со светол тен. Ги обвиниле дека се како од времето на надмоќта на белците…
Всушност станува збор за ГИФ кој компанијата Dove во петокот го објавила на својата страница на Фејсбук. Веќе во саботата го отстраниле сфаќајќи дека таа реклама потполно ја промашила целта навредувајќи многу жени, особено оние со темна боја на кожата.
Во ГИФ-от е прикажана црнкиња која почнува да соблекува кафеава маичка, а кога ќе се соблече изгледа како да ја соблекла кожата под која е жена со светол тен.
Dove's racist advertising is nothing new… just the most recent of many pic.twitter.com/U3fdRICHZv
— Black Girl Culture (@blkgirlculture) October 8, 2017