Самиот ДОНАЛД ТРАМП сакал да биде поканет на свадбените церемонии што се одржуваат на неговите терени за голф и во неговите луксузни хотели и ги користи овие прилики за да држи политички говори, честопати не грижејќи се за младенците.
View this post on Instagram
Во вторникот покажа дека таа навика тешко може да ја искорени. Неговото пристигнување во њујоршкиот суд привлече толпи поддржувачи, новинари и посматрачи кои им го нарушија денот на паровите кои дојдоа да ја легализираат својата врска во Канцеларијата на њујоршката матична канцеларија од другата страна на улицата.
View this post on Instagram
„Не знаев дека тоа се случува токму таму“, изјавил за NBC Питер Дон (30), кој дошол да се ожени за Моник Бекфорд Калија. „Тоа е смешно и нема да ни го уништи денот“, „Тоа е наш ден“, рекла Моник (25). Џејсон Мекфарланд и Доминик Ламарко одамна ја закажале својата венчавка, но не планирале ваков медиумски циркус.
„Сигурно никогаш нема да го заборавиме ова“, коментирал Џејсон (38). „Обвинувањето на Доналд Трамп на денот на нашата венчавка не прави уште посреќни“, додал Доминик.
Фото: Принтскрин/Instagram