Министерот за култура Адеми со честитки за јубилејот на танцовото студио „Денсерс jунајтед МК“

Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Домот на АРМ присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на 5-годишниот јубилеј на танцовото студио „Денсерс jунајтед МК“, во чии рамки се одржа хуманитарен инклузивен танцов концерт на кој настапија лица со Даунов синдром и лица со нетипичен развој.


Во своето кусо обраќање пред присутните, министерот Адеми нагласи дека прифаќањето на другиот и почитувањето на различностите претставува голема обврска и грижа на општеството.
„Затоа успесите на ова наше танцово студио, кои се резултат на залагањата на сите членови кои со својата енергија, специфичен сензибилитет, со својот талент и креативност вложени во настапите и освоените награди, нѐ прават особено горди во градењето на културниот мозаик на нашата држава. Од тие причини, сакам и лично да ви изразам благодарност за големиот ангажман, за вашиот влог во танцовата сцена и во македонската култура воопшто“, истакна министерот за култура.

На танцовиот концерт, кој се реализираше со поддршка од Министерството за култура, беа доделени благодарници на сите поддржувачи на активностите на ова инклузивно танцово студио.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …