МИЛИОНСКА ДОБИВКА – АМЕРИКАНЕЦ НА ЛОТАРИЈА ДВА ПАТИ, ЗА 3 ГОДИНИ, ОСОВИЛ ПО 4. МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Ја употребил среќната паричка што му ја дал татко му!

Американецот Марк Кларк од Мичиген двапати успеал во она што повеќето луѓе никогаш не успеваат во нивните животи, бидејќи тој во два наврати освоил четири милиони долари на лотаријата „греб греб“.
Тој најпрво добил пред три години, кога, додека испорачувал гориво на бензинска пумпа, купил грепка за инстант лотарија, го изстругал бар-кодот и видел упатство во кое пишува: „Контактирајте го службеникот“.
Како што се предвидувало, службеничката потоа го истругала остатокот од облогата од грепката за лотарија, а потоа, со шокиран израз на лицето, рекла: „Марк, само што освои четири милиони долари“.


Марк се качил во својот камион и го вратил во компанијата каде што бил вработен, а потоа отишол во куќата на неговите родители за да им ја каже добрата вест, за да набргу потоа и се пензионира. Сепак, овој месец тој уште еднаш купил билет за „греб греб“ на лотарија од државата Мичиген, и повторно ја добил истата сума.
Тој вели дека за стужење користел паричка што му ја подарил, неговиот, сега починат, татко пред десет години, и дека поради тоа, можеби станувало збор за среќна паричка што му помогнала уште еднаш да дојде до добивка.
Педесетгодишниот Кларк посочува дека не планира никакви промени во неговиот живот и дека ќе продолжи да живее мирен пензионерски живот и да се бави со своето омилено хоби – риболов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …