МЕРКЕЛ И МАКРОН ЈА ИГНОРИРААТ ЕМА: Се свртеле кон Путин, барајќи увоз на руска вакцина во ЕУ

Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон вчера разговарале за можното снабдување на Европската унија со руската вакцина против корона вирусот Спутник В, објави Кремљ по видео конференцијата на тројцата лидери.
За време на конференцијата, посебно внимание било посветено на здружување на силите во борбата против пандемијата на вирусот корона.
„Во тој контекст, лидерите разговараа за мерките за спречување на понатамошно ширење на болеста“, се наведува во соопштението.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by @effectuzbek


Путин, Меркел и Макрон разговарале за изгледите за регистрација на руската вакцина во Европската унија, можноста за испорака и заедничко производство во земјите на ЕУ.
Кабинетот на Макрон потврдил дека францускиот претседател и германската канцеларка разговарале со Путин за соработка во врска со прашањето на вакцините, пренесуваат агенциите.
Макрон и Меркел на Путин му рекоа и дека очекуваат да ги почитува правата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални и да го заштити неговото здравје.
Лидерите на трите земји разговараа и за ситуацијата во Украина, Белорусија, Либија и Сирија и се согласиле да ги координираат напорите за да му се овозможи на Иран да се врати во целосна почит кон своите меѓународни обврски.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …