Меѓународна струмичка ликовна колонија

Општина Струмица продолжува на негување на традицијата на трајни вредности. По десет дена исполнети со творечки дух и убаво дружење на дваесеттина лиовни творци од Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија, завршува јубилејната 60 Меѓународна струмичка ликовна колонија, во чии рамки се одржа и јубилејната 30 школа за современ мозаик. Уште едно успешно издание на најстарата ликовна колонија во Македонија и на Балканот. Уште еднаш Општина Струмица, преку секторот за ликовно-галериска дејност при НУЦК „Антон Панов” се покажа како извонреден домаќин. Пребогатиот ликовен фонд на колонијата се збогати со нови четириесеттина дела во различни ликовни дисциплини, кои традиционално ќе бидат изложени на 11 Септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …