МАНЧЕВСКИ СО ПРЕМИЕРА НА „KAJMAK“ ВО ДАНСКА, ПОДДРШКА ВО АЛБАНИЈА И БЛОКАДА ВО МАКЕДОНИЈА

Најновиот филм на нашиот најтрофеен режисер, Милчо Манчевски, „Кајмак” вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген.

Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!” (работен наслов „Биста”) ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак” копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж).


Во исто време, Агенцијата за филм на Северна Македонија ја блокираше својата поддршка за обата филма на Манчевски. Со одлука на УО на Агенцијата од минатиот месец, стопирана е поддршката на оваа државна институција и за „Кајмак” и за „Збогум, Копакабано!” (работен наслов „Биста”), иако обата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска.

„Кајмак” ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД, итн.


Светскиот продажен агент, Левел К од Копенхаген го пласираше филмот за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите…

„Кајмак” беше најгледан филм во Македонија минатата година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …