„Макфест“ и’ годинава со две фестивалски вечери и на отворено

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ втора година по ред ќе биде на отворено, локацијата е „Аква бела ресорт“ или поранешниот Градски базен во Штип, најави градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.
Одлуката била донесена поради протоколите за организирање на вакви настани.
-Се одлучивме за оваа локација, бидејќи изобилува со убавини, како и со добра акустика, која е потребна. Јас не знаев, но еве има луѓе кои знаат во тоа поле и кажаа дека е многу важна акустиката, околината и како ќе се прима и одбива тој звук. Направивме една прекрасна организација со тим од експерти, кои се за сценско, звучно уредување, рече Николов.

Редослед за настап на првата вечер, 17.09.2021:
1. Калина Велковска – 4
2. Андреа Симичиева – Јас и ти
3. Ивана Василева – Доволно е се`
4. 2 Be – Сто милји од мене
5.Александар Јосифовски – Без неа
6. 4 U BAND – Ти си негова
7. Александар Тодороски – Под исто небо
8. Теодора – Повторно сум силна
9. Вејчеслав Поповски – Запеј песно запеј
10. Виолета Арсовска – Нека ме снема
11. Марија Данева – Твоја
12. Рахела Такашманова – Ако не си ти до мене



                                                                                    Нокаут – Сакам да живеам (2020)

На 17 септември на сцената ќе се интерпретираат 12. нови песни, а од нив пет поминуваат во финалната вечер на 18. септември.


Редослед за настап на втората вечер, 18.09.2021:
6. Ѓоко Танески – Ти
7. Мартинијан Ќириловски – Вистина
8. Полина Тасева – Огледало
9. Роберт Билбилов – Луда си на мирен начин
10. Наталија Данаилова – Не крши ме
11. Интервали – За сите години
12. Александра Јанева – Денот што ни носи
13. Лара – Душа
14. Светле – Збогум на лани
15. Филип Пешевски – Невино
16. Eye Cue – Да сме пак заедно
17. Дејан Тасев – Каде беше ти
18. Пепа – Длабоко
НАПОМЕНА: Првите 5 места се резервирани за првопласираните 5 од првата вечер.

Уметничкиот директор на „Макфест“, Владимир Дојчиновски на прес-конференцијата рече дека годинава имаат и нови водители, но и нова форма на фестивалот.
-За првпат ќе имаме ваква форма, значи две вечери, каде првата е полфинална и едноставно ја крстивме прва вечер, не баш дебитантска вечер, бидејќи сите овие изведувачи иако се за првпат на сцената на „Макфест“, тие во својата професија се големи професионалци и по мене баш епитетот дебитанти не е добар. На финалната вечер имаме изведувачи, кои се доста познати кај нас и победници повеќекратни во минатите години, вели Дојчиновски.
Публиката ќе мора да ги почитува протоколите, да има и сертификат за примени вакцини против Ковид-19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …