Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев е роден на денешен ден

На денешен ден во 1965 година, во Скопје е роден најпознатиот македонски фудбалер Дарко Панчев, кој се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути.

Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одличните голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена Звезда од Белград, каде што настапувал четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати голови за црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер од Милано.


Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. Тука била ставена кочница во неговата кариера. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил својата кариера.

Денес тој живее во Скопје и води мирен живот. Влезе во брачните води со познатата пејачка Маја Гроздановска-Панчева и со неа има две ќерки, Надица и Марија. Сопственик е на кафе-барот „Деветка“ во Трговски центар Беверли Хилс. По завршувањето на фудбалската кариера определен период се повлекол од активности поврзани со фудбалот.


Среќен роденден „Кобра“ ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …