„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип

„Македонска вокална музика“ е насловот на утрешниот концерт кој ќе се одржи на Музичката академија при Факултетот „Гоце Делчев“ – Штип, во 20 часот.
Како солисти ќе настапат млади, но искусни музички уметници кои се активни на сцените во земјава и надвор од неа, и кои зад себе имаат навистина завидна биографија: Марко Димовски – баритон, Александра Коцевска – мецосопран, Злата Тошевска – сопран, Јане Дунимаглоски – тенор, како и пијанистите Мимоза Ќека и Ема Попивода.
На концертот, кој е во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, ќе бидат изведени дела од различни генерации македонски композитори – Тодор Скаловски, Петре Богданов Кочко, Сотир Голабовски, Трајко Прокопиев, Љубомир Бранѓолица, Томислав Зографски, Стојан Стојков и Сони Петровски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кец на десетка“ вечерва во МНТ

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажана претставата „Кец …