Македонија и корона вирусот: 10. новозаразени!

Во изминатите 24. часа во нашата земја се регистрирани 10. нови случаи на коронавирус, извршени се 189 тестирања.
Министерот за здравство Вено Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти најновите дневни информации за состојбата со Ковид-19 во земјата.
Новите случаи се регистрани во Скопје (6), Куманово-2 и во Прилеп и Велес по еден случај. Оздравени се пет пациенти од Скопје и Неготино, а почина уште едно лице.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1674, бројката на оздравени пациенти е 1205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 569, активни 131
•    Куманово – 410, активни 46
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-35, активни 2
•    Прилеп –179, активни 59
•    Тетово – 117, активни 58
•    Струга – 67, активни 4
•    Велес – 108, активни 50
•    Битола –23, активни 4
•    Охрид –15, активни 0
•    Кавадарци – 5, активни 1
•    Гостивар –19, активни 4
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 2, активни 0
•    Крива Паланка- 6, активни 2
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 5
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 2
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 1
•    Виница – 2, активни 0
•    Кратово-2, активни 2
•    Берово-1, активни 1
Во земја вкупниот број за заболени од коронавирус се 1.674 лица од кои 1205 се оздравени. Смртни случаи има 92, а активни случаи на Ковид-19 во земјава се 377.
Во изминатите 24 часа на Инфективната клиника се примени тројца нови пациенти, а на ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 13 нови пациенти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …