Мајка херој: Го носела бебето до терминот за да нејзините органи ги подари на други…

Кога била бремена четири месеци, Криста Дејвис и нејзиниот сопруг дознале нешто шокантно. На нивната неродена ќерка и била дијагностицирана аненцефалија. Станува збор за тешка, вродена малформација поради која фетусот се развива без дел од мозокот.
Во случајот на Рајли Аркадиа Ловет, како што ја нарекле родителите, мозокот бил толку слабо развиен што лекарите им понудиле две опции. Криста можела да го роди бебето или да го почека терминот па нејзините органи да ги донира на бебињата на кои им се потребни.
„Ако јас веќе не можам да го донесам моето бебе дома одлучив да им дадам прилика на другите тоа да го направат“, изјавила Дејвис за News Channel 9.
Уште пет месеци го носела девојчето и така и дала време да порасне и нејзините органи да се развијат до крај.
Лекарите и рекле дека Рајли веројатно ќе биде жива околу половина час после породувањето но успеала да издржи цела недела.
„Не можам да ви опишам какво неверојатно чувство е тоа. Мислиш дека ќе имаш половина час со своето бебе а добиваш седум дена“, рекла храбрата мајка.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …