КОВИДОТ Е ОКОЛУ НАС – Тапанарот на групата „Амадеус“ ПОЧИНАЛ од коронавирус

Тапанарот на популарната музичка група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, попознат под прекарот Токан, почина по борба со коронавирусот.
Бојан ја загуби битката на 45-годишна возраст, а музичкиот свет остана во шок по оваа тажна вест.
Пејачот Дарко Филиповиќ преку својот Инстаграм профил се прости од Токан, кој објави црно-бела фотографија од него со потресни зборови:


„Брат ми, сè што знам е дека ќе се сретнеме … некаде повторно некада Р.И.П.“
Од колегата се простуваат членовите на бендот и дури српски музичари напоменувајќи дека корона вирусот е насекаде околу нас и треба да се биде крајно внимателен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …