Коронавирусот донесе трагедија во домот на Виолета Томовска: Почина Зоран Росоманов, сопругот на ќерката за која е напишана „македонско девојче!“

Зоран Росоманов, зет за ќерка на фолк дивата Виолета Томовска ја изгуби битката со корона вирусот. Негови пријатели ја споделија веста за прераното заминување и со емотивни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи.
Тој беше сопруг на Невенка, ќерката на Томовска, позната во јавноста како девојчето за кое е напишан евергринот „Македонско девојче”. Таа била инспирација за Јонче Христовски да ја напише песната во времето кога го славела првиот роденден, во 1967 година.
Веста за смртта на Зоран Росоманов два дена ги преплавува социјалните мрежи преплавени од сочувство, шок, неверување запрераната загуба на една од скопските легенди и сопруг на Невенка, ќерка на Виолета Томовска.


Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика, пред неколку години, кога Невенка го славела јубилејниот 50. роденден, во тајност се организирал да се направи римејк на песната, а го отпеаја оперската дива Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески.


За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Познато е дека Невенка била инспирацијата на Јонче Христовски за да ја напише „Македонско девојче“ уште кога го славела првиот роденден.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …