КОРОНА ВИРУС – Бајага: „Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција!“

Новинарите од kurir.rs го контактирале Бајага по повод филмот „Дара од Јасеновац“, бидејќи мајка му ги преживеала тие стравотии, но откриле нешто друго…
Пејачот Момчило Бајагиќ Бајага открил дека има реакција на вакцината против коронавирусот и дека не се чувствува добро.

„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција“, изјавил тој за „Курир.рс“.


Дека се вакцинирал, откри Бајага во неодамнешното интервју за „Дневни аваз“ по повод неговиот 61. роденден (19 февруари).
„Што се однесува до мојот роденден, немам големи планови веќе со години. Роденденот го прославувам со пријателите и семејството, одам на пијачка. Но, бидејќи денеска ја примив вакцината, не можам ниту денес да пијам“, рекол тогаш добро расположениот Бајага.


Тој, сепак, признал дека не е воодушевен од вакцинацијата, но смета дека тоа е единствениот начин за борба против коронавирусот.
„Морав да се вакцинирам, затоа и ја примив. Повеќето мои го направија тоа, иако знам дека не баш сите. Очигледно дека ќе мора да се вакцинираат, особено луѓето што патуваат. Така што, како што се вели, подобро што побрзо. Но, не дека сум „луд“ по вакцинацијата, ниту сум голем поддржувач на тоа, но не гледам друга опција. Тоа е сега единствениот начин за борба против коронавирусот“, заклучил тогаш.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …