Концерт на легендарните „Црвена јабука” на 11 мај во Битола

Кога некој трае со децении и на некој начин стои како потсетник на се што е убаво и квалитетно, заслужува да биде ставен на златен пиедестал. Така е и со легендарните „Црвена јабука”.

Бендот кој опстојува повеќе од четири децении, на 11 мај ќе одржи свој концерт во Битола и тоа во „Центар за култура” со почеток од 20 часот.


Фронтменот Дражен Жериќ – Жера често знае да изјави дека му се радува на секое следно доаѓање во Македонија, но и своевремено кажа:

„Што се однесува до нашите концерти, се менуваат само првите редови. Ако публиката останеше иста, тогаш денес би имала околу 55 и 60 години. Во последните редови се стари добри фанови, кои со нас и младите, ја прават атмосферата уште позабавна”.


„Центарот за култура” во Битола на 11 мај ќе се движи со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови. Ова ќе биде уште еден настан каде ќе се потсетите на старата и добра музика, но и хитовите кои оставија белег на своето време.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Brothers Tobacco нa Широк Сокак, како и на билетарата во „Центар за култура” – Битола.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …