ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА САМО ЗА МАКЕДОНИЈА ОКОЛУ НАГЛАТА И ЕКСТРЕМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО КОЈА НИ СЛЕДУВА ОД СРЕДА: Обилни врнежи од дожд, снег и силен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Почитувани, уживајте за време на овој викенд, како и во понеделник и во вторник во рано-летните температури на воздухот, но и во стабилното, суво и претежно сончево време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во недела, како и во понеделник во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да надминат и 30 степени.


Веќе од среда, па се до крајот на следната недела под влијаните на силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија очекуваме нагла, и екстремна промена на времето. Ќе има обилни врнежи од дожд, а температурите ќе опаднат дури и за околу, а понекаде и за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Поради заладувањето, на планините над 1300 – 1400 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка.

Температурите од среда, а особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, се работи за максимални дневни температури на воздухот. Кон крајот на следната седмица и во Македонија ќе има услови за појава на утрински мразеви, особено на повисоките места и на планините.


Да напоменеме дека поради тоа што ладниот Атосферски фронт ќе пристигне на загреана и топла Атмосфера, локално ќе се развијат и грметевични облаци (нестабилна Атмосфера) од која се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, а можна е и појава на град (локално во форма на невреме).

Ова особено лошо ќе се одрази кај метеопатите, но поради тоа што се работи за екстремна и нагла промена на времето која долго време сме ја немале, здравствени проблеми можни се и кај повеќето граѓани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …