Кога бензинска пумпа ќе згреши: Со часови точеле гориво по багателни цени

Цените на горивата урнаа рекорди во саботата, но во белгискиот град Кампенхаут на локалната бензинска пумпа, цените и на бензинот и на дизелот одеднаш се преполовиле.
И додека кај нас возачите минатата недела во паника полнеа гориво, на бензинските пумпи во Белгија немало гужва. Освен во еден град, во саботата.
Имено, тој ден во Кампенхаут бил попрометно од било кога. Минувачите биле многу изненадени кога на бензинска пумпа која работи на принцип на самопослужување виделе истакнати цени: 1.077 евра за литар дизел и од 1,2 до 1,3 евра за литар бензин, пишува Revijahak.
Многумина најпрвин мислеле дека се работи за грешка на електронскиот дисплеј, но оние кој навистина ќе отишол да наполни гориво, ќе увидел дека цените се стварни.
Веста молскавично се рашири на социјалните мрежи, а не поминало многу време и настанал голем сообраќаен метеж. Се чинело како цел Кампенхаут да дошол да го наполни резервоарот на автомобилот, а во многу случаи и неколку резервни канистри.
Во меѓувреме, се покажало дека групацијата Colruyt, во која спаѓа и споменатата бензинска пумпа DATS24, не знаела за погрешните цени. За жал, сè што е убаво трае кратко, а не се знае колку траел овој непредвиден „попуст“ и колку клиенти успеале да го искористат.
Инаку, литар дизел на таа пумпа сега чини две евра.

Фото: Илустрација/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …