КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – НА АНТАРКТИКОТ ПОТОПЛО ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Првпат во историјата измерени 20. степени!

По прв пат во историјата, температурите во Антарктикот достигнаа рекордни 20. степени. Научниците островот Сејмур, на Антарктикот, измериле неверојатни 20,75 степени, што е доказ дека температурата се зголемува, со брзи чекори, последните години. Измерените температури од над 20. степени, за прв пат во историјата, предизвикаа стравувања од климатска нестабилност во најголемиот светски објект за чување мраз, пишува британски „Гардијан“. Температурата од 20,75 степени е измерена на 9. февруари, повисока од претходниот рекорд од 19,8 степени измерен во 1982 година.
Засега, овие рекордни температури се очекува да бидат потврдени и од Светската метеоролошка организација, а научниците кои собираат податоци за температурата на секои три дена, го опишаа новиот рекорд како „неверојатен и ненормален“. Големото топење на мразот на Антарктикот доведе до пораст на нивото на морето од три метри пред 120.000 години.


„Го гледаме овој тренд на топење на многу места што ги набудуваме, но никогаш не сме виделе вакво нешто“, рекол Карлос Шефер, кој работи за бразилската влада, кој го проучува влијанието на климатските промени на 23.места на Антарктикот. Според Шефер, температурата на Полуостровот, Јужните Шетландски острови и архипелагот Џејмс Рос на кои припаѓа Сејмур, е варијабилна последниве 20. години, а по ладењето во првата деценија на 21 век, таа започна брзо да се загрева.
Додека температурите во источниот и централниот дел на Антарктикот се релативно стабилни, загриженоста се зголемува на западниот дел на континентот, каде затоплувањето на океаните влијае на топењето на глечерите. Ова доведе до пораст на нивото на морето досега, но може да се промени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …