Кинески врвен експерт открива кога ќе заврши епидемијата со корона вирус

Епидемијата на COVID-19 ќе престане по летото 2020 година. Ова го предвидува претседателот на специјалниот комитет за контрола на епидемии на државниот кинески здравствен комитет Жонг Наншан.
Според експертот, епидемијата ќе продолжи ширум светот барем до јуни. Тој верува дека привремените мерки за контрола на вирусот ќе имаат за цел да спречат понатамошно ширење на вирусот.
„Епидемиите во светски рамки … ќе продолжат барем до јуни“, истакна Жонг Наншан.
Според последните податоци, повеќе од 119.000 луѓе ширум светот се носители на коронавирусот. Повеќе од 4.284луѓе починале, а 65.776 се опоравиле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …