Ким Катрал имала два услови за враќање во „Сексот и градот“, можеби ќе ве изненадат

МНОГУ обожаватели на „Сексот и градот“ беа возбудени од веста дека Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал, ќе се појави во серијата И само така… Саманта, како што е најавено, ќе се појави во последната епизода од втората сезона, во која таа телефонски разговара со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер.

Имала два услови
Page Six дознава дека Ким туку рака не се согласила да се врати во серијата. Според нивните извори, актерката барала да не снима со нејзините поранешни колешки, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон. Со години е во расправија со нив, особено со Паркер.


View this post on Instagram

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)


Исто така, таа побарала при снимањето на таа сцена, режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде на сетот.
„Ким имаше два услова, да не глуми со ниту една од нејзините поранешни колешки и да не го гледа Мајкл Патрик Кинг“, вели изворот.

Ја спомнувале Саманта во првата сезона и баш така…
Катрал ја играше Саманта, нескротливата публицистка и најдобра пријателка на Кери Бредшо, во „Сексот и градот“, за шо доби Златен глобус. Таа беше миленичка на фановите, но одби да се врати во серијата по обвинувањата дека се карала со Паркер. Имено, Ким чувствувала дека таа и останатите актерки не се доволно платени, освен Сара која имала поголема плата од сите главни актерки.

Во првата сезона на And Just Like That… Саманта беше спомната во неколку наврати. Дадоа до знаење дека таа сега живее во Лондон и дека се скарала со Кери откако повеќе не сакала Саманта да биде нејзин публицист. Сепак, Кери во првата сезона неколку пати се слушнала со Саманта, која и праќала цвеќе на Кери откако Фаца починал.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …