Какво време не очекува во наредните 5 дена?

Иако до скоро се жалевме на високите температури сепак набргу ни пристигнуваат неодминливите есенски промени. Еве што најавува УХМР за наредните 5 дена:
Денес, недела, претпладне и рано попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во западните и крајните источни подрачја. Во текот на попладнето облачноста на повеќе места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степенa.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, претпладне со локален краткотраен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. T= 28 °C, P= 977 hPa, U= 50 %, V= 3 m/s.
Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 28 Дебар, 24 П.Шапка, 20 Охрид, 19 Лазарополе, 13 Штип, 10 Тетово, Струмица, 9 Гевгелија, 8 Крушево, Ѓуриште, 7 Скопје Петровец, Прилеп, Д.Капија,6 Битола, 5 Маврово, Претор, 3 Куманово, Берово, Дојран, 2 Скопје З.Рид, Виница.


За утре, понеделник, се најавува умерено облачно и нешто потопло. Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 19. до 35. степени на југот.
Во вторник ќе биде умерено облачно и посвежо, во западните планински делови со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Минимална температура: 8°C до 17°C. Максимална температура: 21°C до 30°C.
За среда се најавува променливо облачно и свежо со услови за краткотраен локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 7°C до 16°C. Максимална температура: 16°C до 26°C.
Во четврток наутро студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено претпладне. Минимална температура: 3°C до 14°C. Максимална температура: 17°C до 25°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …