Какво време да очекуваме во наредните 5.дена?

Промените на температурите кај ретко кого не влијаеа, а стабилизирањето би ни помогнало конечно да ги извадиме зимските алишта и да не се залажуваме со сончевите зраци…Еве каква прогноза издаде УХМР за наредните 5. дена:
Денес ќе биде наутро студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се од 10. до 17. степени.
За утре (среда) се најавува наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Дневните температури ќе се движат од 11. до 18. степени.
За четврток се најавува сончево со мала до умерена облачност, позначителна во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северисточен правец. Минимална температура: -2°C до 5°C. Максимална температура: 12°C до 17°C.
Во петок се очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минимална температура: 1°C до 8°C. Максимална температура: 12°C до 18°C.
Во сабота не очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минимална температура: 3°C до 10°C. Максимална температура: 14°C до 19°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …