Каква зима не очекува?

Во текот на следниот период под влијание на антициклон над нашата држава атмосферата ќе биде стабилна што значи времето ќе биде стабилно, сончево повремено со умерена локална облачност а врнежи не се очекуваат.

Што се однесува до температурите на воздухот рано наутро ќе бидат ниски и на некои места ќе се спуштаат под нулата додека маскималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и истите ќе се искачуваат речеси насекаде над 10. степени што значи ќе се искачуваат во интервалот од 12. до 18. степени додека во централните и во југоисточните предели истите е можно да се искачат до околу 20 степени.
Барем засега некоја поголема промена на временската состојба кај нас нема, но поради релативното тивко време без ветер во следните неколку денови по котлините ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Кога станува збор претстојниот период стручњаците предвидуваат потопла зима од вообичаеното. Но, тоа не значи дека во еден дел од зимата, на пример во јануари или февруари нема да има периоди со многу ладно време. Но, кога се гледа во целина, тогаш во претстојната зима не очекуваат повисоки температури од стандардните, односно дека претстојната зима ќе биде потопла од обично.
Кога станува збор за врнежите тие би биле околу просекот или малку зголемени. Но, ако се поклопат со поладните периоди не се исклучени поголеми врнежи од снег.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …