ЈОВАН ЈОВАНОВ ПОСЛЕ 14 ГОДИНИ ПОВТОРНО ЗАПЕА И ТОА ВО ДУЕТ СО ПАЈАК..ПРОМОВИРАН СПОТОТ НА НОВАТА ВЕРЗИЈА НА “МАГИЈА”

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година “Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација.

По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно ќе ми треба магија, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајачето сеуште ја нема хаха..


За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо.

Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.


На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat.

Спотот е промовиран на јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во магазинот Бекстејџ на Телма ТВ.


Погледнете го спотот за “Магија” во дует со Пајак и Јован, кој за неполни 24 часа високо котира на трендинг листата на јутуб..

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …