Извештај на ИЈЗ за периодот 7-13 декември 2020: Намалување на бројот на новозаразени и починати – и понатаму најзастапена возрасната група над 60. години

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември 2020г. тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 9,2% во однос на минатата недела. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.
Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 34,8%, намалување од 2% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59  (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.
Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …