ИСТРАЖУВАЊЕ – Вкупниот број на сексуални партнери влијае на судбината на бракот

Браковите во кои жените влегувале како девици имале стапка на развод од само шест проценти
Новата студија спроведена на Универзитетот во Јута покажала дека жените кои немале секс пред брак или имале само еден партнер – идниот сопруг, имаат помали шанси за развод во првите пет години од брачниот живот, во споредба со другите.
Истражувачот Николас Волфингер објавил на блогот на Институтот за семејни студии дека „комплексната слика за поврзаноста помеѓу сексот и брачната стабилност отвора повеќе прашања отколку одговори“.
Ова е делумно затоа што жените кои имале точно два сексуални партнери пред бракот имаат поголема веројатност да се разведат од оние кои имале помеѓу три и девет.
– Накратко: ако вашиот (иден) сопруг ќе го споредите со други мажи, подобро споредете го со повеќе од еден – вели Волфингер.
Браковите во кои жените влегувале како девици имале стапка на развод од само шест проценти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …