Им се ближи крајот на летните температури: Еве кога не очекува дожд и невреме


Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе се зголеми облачноста и во јужните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 22 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено на југот и на запад од земјата.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а од недела попладне до вторник повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Од почетокот на наредната недела се очекува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.
Минималната температура во понеделник ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 15 до 23 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната актерка Јелена Жугиќ

Јелена Жугиќ е родена на 20 април 1973 година во Скопје. Таа е македонска театарска, …