И’ оваа година ништо од класичниот Евросонг: Организаторите понудиле неколку сценарија

Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) објави вести поврзани со годинашниот натпревар за Песна на Евровизија, што треба да се одржи во Ротердам, Холандија. Откако минатата година беше откажан Евросонг, среде пандемијата на коронавирусите, организаторите се погрижија ваквиот исход на ситуацијата да не се случи и оваа година.

Уште есента тие понудија неколку можни сценарија за организацијата. Сценариото А вклучуваше нормална организација на Евровизија, како и во сите претходни години, со публика и изведувачи на сцената во живо. Сепак, ова сценарио дефинитивно е отпишано и тие рекоа дека ќе одлучат до мај дали ќе се реализира сценариото Б, Ц или Д .


Во сценариото Б, процентот на публика во салата е намален на 80%, а во прес-центарот може да има само 500 новинари, додека 1000 би ги следеле виртуелно. Сите изведувачи и посетители кои би присуствувале во живо на настанот, треба да се придржуваат на растојание од 1,5 метри.
Во сценаријата Ц и Д, никој од изведувачите и членовите на делегациите не би дошол во Ротердам, туку настапите би се емитувале во живо од националните телевизиски студија. Во сценариото Ц, публиката ќе биде во живо во салата, а сите новинари ќе присуствуваат на шоуто виртуелно. Најстрогото, сценариото Д, предвидува претстава без публика во салата и без придружни настани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …