Славните глумци се вратиле во доцните шеесетти.
Милениците на жените, 43. годишниот Леонардо ДиКаприо и 54. годишниот Бред Пит ги здружиле актерските сили во новиот филм на Квентин Таратино „Once Upon A Time In Hollywood” чие дејствие е сместено во дамнешната 1969. година.
Тие во филмот ги толкуваат двете главни улоги. Лео глуми бивша ѕвезда на вестерн филмови, а Бред негов догогодишен статист, а и двајцата се обидуваат да успеат во Холивуд на кој повеќе не му се интерсни, како што пренесува Lad Bible.
Филмот во кината би требало да се појави дури во август 2019. година а Леонардо на својот Инстаграм профил објавил една фотка од сетот на која позира со Бред и ни дал дополнителна причина да се радуваме.
И’ додека на фотката Лео веднаш го препознавме требаше убаво да се загледаме да се увериме дека покрај него е Бред Пит,а не Клинт Иствуд од седумдесеттите.
Очекувано, двајцата холивудски миленици на жените ширум светот во 22. часа собрале скоро 2. милиони лајкови, а веруваме дека тој број ќе продолжи да се зголемува бидејќи глумците во исто време изгледаат и’ смешно но и одлично, а веруваме дека и во ова издание на жените им се многу секси.