Град Скопје одвои по 100.000 денари за семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај село ласкарци


Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна 27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници.


Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.


Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот трагично го загубија 15 лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …