Голем интерес за концертот на Влатко Лозаноски во Вип Арената „Борис Трајковски“

Концертот на Влатко Лозаносски, кој треба да се одри на 23. март во ВИП Арената „Борис Трајковски“, предизвика огромно интересирање кај македонската публика. Организаторите јавуваат за огромна побарувачка на билетите за неговиот концерт, незапаметен интерес за првиот соло концерт на македонскиот пејач и како што информираат веќе е распродаден половина од капацитетот на ВИП арената.


„Задоволство ни е да ја споделиме со Вас актуелната состојба околу концертот на Лозано во Скопје. Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен.
Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија.
Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје.
Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk“ , соопштува продукцијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …