Овој вкусен напиток е добар за здравјето и го подобрува расположението. Нема ништо подобро од шоља топло какао во текот на ладен и дождлив есенски ден.
Овој пијалок нема да го задоволи само вашето чуло за вкус, туку ќе придонесе и за вашето здравје.
Какаото помага за добро расположение
Какаото и чоколадото се многу корисни за активна ментална или физичка работа а многумина ги нарекуваат и моќни антидепресиви. Доколку наутро испиете една шоља какао овој пијалок ќе ви даде енергија и ќе ве зајакне. Во вечерните часови какаото може да послужи како напиток за ублажуавње на стресот и заморот.
Какаото ја подобрува меморијата
Флавоноидите, кои ги содржи какаото, можат да го намалат ризикот од деменција и да влијаат директно на структурата и функцијата на мозокот. Овие соединенија ги заштитуваат мозочните неврони од оштетување и ги подобруваат метаболизмот и памтењето.
Какаото ги јакне крвните садови
Какаото помогнува да се стабилизира или намали крвниот притисок, ги јакне крвните садови и го намалува ризикот од кардиоваскуларните болести. Лекарите советуваат да не пиете повеќе од две шољи какао дневно,бидејќи овој вкусен пијалок содржи шеќер и заситени маснотии.