Фотографијата со која кралицата Елизабета го прослави својот 96-ти роденден стана хит

Британската кралица Елизабета денеска го слави својот 96-ти роденден и ќе го прослави во Сандрингем, имот во Норфолк каде уживаше во семејните собирања со војводата од Единбург.
По тој повод, организаторите на Кралското шоу за коњи во Виндзор објавија слика од кралицата направена минатиот месец во замокот Виндзор. На фотографијата се гледа како кралицата Елизабета гордо стои меѓу нејзините коњчиња, Бајбек Кејти и Бајбек Најтингел. Таа носи темнозелена палто во стил на наметка додека ги држи уздите на двете нејзини омилени коњчиња пред дрвото магнолија.
Кралицата Елизабета ќе го прослави својот 96-ти роденден на место полно со спомени на нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина минатиот април на 99-годишна возраст. Таа во средата отпатува од замокот Виндзор до нејзиниот имот во Сандрингам во Норфолк, на околу 180. километри од Лондон, потврди Бакингемската палата, додавајќи дека кралицата ќе го помине својот роденден приватно.

Елизабет сакала коњи цел живот, а својот прв коњ, шетландското пони го добила на само 4. години. Познато е и дека таа често се забавувала на коњски трки, ентузијастички навивајќи за своите коњи. Сепак, таа наводно не јавала од почетокот на септември.
„Беше прилично непријатно. Таа сака да јава и тоа е дел од нејзиниот ритуал во поголемиот дел од нејзиниот живот. Таа е крајно разочарана што не јава од почетокот на септември”, изјавил извор за The Sun во октомври.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …