(ФОТО) Ѕвездата на серијата „Емили во Париз“ би можел да биде новиот Џејмс Бонд?

АКТЕРОТ од популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“, Лусиен Лависконт, би можел да биде следниот Џејмс Бонд. Како што пишува Daily Mail, Британецот и паднал во очи на продуцентката Барбара Броколи, која ги има правата на филмската франшиза за Џејмс Бонд, а моментално, како што пишуваат, тој е најверојатниот кандидат.

View this post on Instagram

A post shared by ÓČKO (@ockotv)


Лависконт се прослави со улогата во „Емили во Париз“, а наводно токму ова дело му помогнало да влезе во потесниот круг за улогата на новиот агент 007. „Лусиен го има она што е потребно за да биде новиот Бонд. Тој е исклучително талентиран актер, тој е многу презентабилен, а во последните 18 месеци стекна многу обожаватели со неговата улога во Емили во Париз. Луѓето кои работат на новиот Бонд веќе го гледаат во смокинг каков што носи 007, тој би бил совршен за улогата“, изјавил за Daily Mail извор близок до продукцијата на Бонд.



Сепак, Англичаните нагласуваат дека една работа може да биде пречка за Лависконт, а тоа е неговото учество во Celebrity Big Brother во 2011 година. Производителите на Бонд тоа го гледаат тоа како дамка во кариерата на Лусиен и мислат дека тоа може да и наштети на угледот на франшизата. Сепак, се друго им е задоволувачко.


Во конкуренција за новиот Џејмс Бонд се споменуваа и Хенри Кавил, Идрис Елба, Том Харди, Рене-Џин Пејџ, Арон Тејлор-Џонсон, Ричард Маден, Том Хидлстон, Силијан Марфи и многу други.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …