(ФОТО) Ѕвездата на „Charmed“ веќе го подготвила својот фустан за погреб и’ СЕ ПРОСТИЛА СО СИТЕ поради најопасната болест: Но на новата фотографија изгледа ФАНТАСТИЧНО и луѓето мислат дека има надеж!

Шенон Доерти, ѕвездата на „Charmed“ и саканата Бренда од култната серија „Беверли Хилс 90210“, денеска го прослави својот 52 роденден.
Шенон Доерти на Инстаграм го одбележа денот со неколку роденденски честитки кои ги доби, а она што многумина ги воодушевува е нејзиниот неверојатен изглед, иако животот во последно време ја сервира со бројни трагедии.
Имено, таа долги години се бори со ракот на дојката, а со оглед на тоа дека отворено зборува за борбата со ракот, познато е дека ракот е во четврта фаза. Токму затоа често се појавуваа вести дека актерката е на крајот од животот и дека самата веќе се подготвува да си замине.
Сепак, нејзините фотографии на Инстаграм објавени на 1-ви април ги воодушевија нејзините следбеници на Инстаграм кои мислеа дека таа изгледа неверојатно.

This image has an empty alt attribute; its file name is senon-doerti-pak.jpg


Инаку, Доерти успеа да го победи ракот на дојката во 2015 година, откако беше подложена на мастектомија и хемотерапија. Но, во февруари 2020 година, таа откри дека повторно и била дијагностицирана болеста.
„Преплашена сум. Најмногу страдам поради мојот сопруг и мајка ми, кои најмногу страдаат“, рекла тогаш таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is beverli-hils-junaci.jpg


„Повторно имам рак, стадиум 4. Метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Многупати сум се запрашала: ‘Зошто јас?’, а потоа си велам: ‘Зошто не јас?’. Тешко ми е“, изјавила тогаш актерката.

Своевремено откри и дека пишува проштални писма и снима спотови за своите најблиски и дека ја пронашла песната што ја сака на погребот. Станува збор за познатата песна „Tears in Heaven“, која важи за една од најголемите балади во историјата на рокенролот, а таа одлучила во што сака да биде закопана.


„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Направив фустан што го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам сите да ме паметат на најдобар начин. Во последните месеци се обидувам да поправам некои врски, да разговарам со луѓе кои ги повредив – свесно и несвесно. Сакам да го живеам животот што го имам максимално и да уживам во малкуто време што ми преостанува“, изјавила Шенон за американските медиуми.
Нејзините обожаватели добиваат нова надеж поради фактот што Шенон изгледа се подобро и подобро на последните фотографии и се чини дека не се откажала од битката со ракот, но неодамна откри дека е во неволја со трошоците за лекување кои синдикатот на актерите одбил да ги плати. SAG-AFRTA одбил да покрие. Причина за тоа е фактот што актерката минатата година не заработила 26.470 долари, што е минималната сума за да се квалификува за здравствено осигурување.

This image has an empty alt attribute; its file name is senon-doerti-2.jpg

„Се прашувам како е можно луѓе како мене, кои работат од десет години, во време кога не можам да работам поради здравствени причини да бидам напуштена од синдикатот?“, прашала тогаш означувајќи ја во објавата глумицата Френ Дрешер, претседателка на синдикатот која и самата се борела со ракот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …