(ФОТО) ЖИВОТОТ ОДИ ПОНАТАМУ: Јана Стојановска ја честиташе новата 2020 со фотка од синот!

Животот нема милост кон младата македонска актерка Јана Стојановска, ќерка на легендарниот актер Ненад и Силвија која во моментов е во домашен притвор, но радост во овие тешки моменти и е синчето…
Младата македонска актерка Јана Стојановска во септември првпат се оствари во улогата на мајка, кога на свет го донесе синчето Ненад.
Јана, се породи во седмиот месец од бременоста, кога престојувала во Романија каде што нејзиниот сопруг, Андрија Бојиќ бил ангажиран за кошаркарски клуб.


Јана на своето синче му го даде името Ненад, по нејзиниот починат татко, aктерската легенда Ненад Стојановски.
Актерката периодов ужива во деновите на мајчинство и во новогодишните празници кои и се исполнети со малечкиот Ненад.
Стојановска на социјалните мрежи објави фотографија од синчето кое е преслатко и со крупни очиња.


View this post on Instagram


A post shared by Jana Stojanovska (@jana__100janovska_cherenko) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …