(ФОТО) ЖЕШКА ЕВРОВИЗИЈА: Вистинско мало богатство за влезница за Евросонг!

Влезниците за овогодинешниот Евросонг официјално ќе бидат пуштени во четврток, а организаторите денеска ги објавија износите што ќе треба да се одвојат за нив.
Тешко е да се каже дали цените на влезниците се навистина астрономски или тоа е пракса во тој дел од Европа. Имено, во понудата објавена на официјалната веб-страница може да се види дека најевтиниот билет за финалната вечер чини 100. евра, но покрај него пишува „само аудио“, што значи дека тој што ќе го купи билетот ќе не можам да гледа што се случува на сцената.
Најскапиот билет за финалната вечер е 350 евра.


Оние кои сакаат да бидат присутни во живо и да и дадат поддршка на македонската претставничка Андреа во втората полуфинална вечер ќе треба да платат најмалку меѓу 50. и 80. евра, додека најскапиот билет за таа вечер е 250 евра.

Оние кои сакаат да купат билети ќе можат да го сторат тоа од четврток во 10 часот.

Фото: eurovision.tv

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува актерката Драгана Костадиновска

Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Таа е македонска театарска, …