Синоќа во Беверли Хилс е одржано доделувањето на Златните глобуси со што е отворена годинешната сезона на доделување на филмските награди.
Многу познати личности од светот на шоу-бизнисот се појавија на црвениот тепих, па затоа гламурот и сјајот не изостанаа од овој настан.
Секако, за тоа придонесоа бројните празнични тоалети што ги избраа познатите дами за оваа пригода.
Згодните и гламурозни фустани доминираа на црвениот тепих, а судејќи според изборот на тоалетот на познатите дами, нема сомнение дека 80-тите повторно се вратија во модата.
Погледнете како изгледаа некои од познатите дами на доделувањето на наградите Златен глобус.