(ФОТО) За да вашата рерна повторно блесне потребни ви се две состојки!

Чистењето на рерната е една од најомрзнатите домашни работи. Да се исчисти валкана и мрсна рерна без скапоцени средства се чини како невозможна мисија.
Но, со комбинацијата на следните две состојки, исо помош на абразивен сунѓер тоа не би требало да биде проблем, тврдат мајките во една Фејсбук група.
Значи, она што ви е потребно е алкохолен оцет и сода бикарбона.
Од сода бикарбоната направете паста така што во соодветен сад ќе измешате половина шолјичка сода бикарбона и неколку лажици вода. Прикагодете го омерот на двете состојки додека не добиете паста која ќе можете да ја мачкате.


На рацете ставете ракавици и пастата распоредете ја по целата внатрешна површина на рерната, освен по греачите. Сода бикарбоната ќе поприми кафеава боја кога ќе ја втриете во површините. Оставете да делува 12. часа или преку ноќ.
Со помош на шише со прскалка испрскајте со алкохолен оцет по сода бикарбоната во количество да предизвика пена, но без течење на оцетот. Со абразивен сунѓер изрибајте ја површината и се’ убаво избришете со мокра крпа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …