(ФОТО) Време е да се потсетиме на 3-те години „Плати со поезија“

Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велессе подготвени оваа година да ја поттикнат инспирацијата на секој посетител на 21-ви март, Денот на поезијата, преку традиционалната кампања „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл.


 

Од 2015-та година, секоја година, 21-ви март е резервиран за тие кои уживаат во кафето и лицата кои трагаат по скриената поетика во себе. Веќе 4 години по ред овој настан се организира во Македонија и има за цел да го долови духот на бројни уметници преку поттикот и инспирацијата за создавање на стихови кои вродуваат со уникатна поезија.



Голем број на локации се вклучија во поддршка на „Плати со поезија“ низ годините и уште толку поети го негуваат духот на овој ден преку дружење со обожавателите на кафе и љубителите на поезијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …