Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром на 25.март:Да трчаме заедно со децата и за децата со Даунов синдром!

Минатата година стотици луѓе ја дадоа својата поддршка за децата со Даунов Синдром. Оваа година традицијата продолжува по трет пат со тоа што хуманитарната трка за децата со Даунов синдром ќе се одржи во недела, 25ти март 2018, со почеток во 11.00 часот во Градски парк во Скопје.
Трката е организирана од Мечувалечки клуб Ескрим под мотото „И ние го можеме истото како и сите!“. Со овој настан организаторот сака да ја подигне свеста за Даунов синдром поттикнувајќи ги останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата да се вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за сите деца.За нив спортувањето е од големо значење затоа што преку спортот ја развиваат моториката,координацијата, одржување на баланс и тонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат можност за социјализација и децатастекнуваат нови пријателства и се развиваат. Инклузијата дава исклучителни резултати во нивниот живот.
Трката ќе започне од Школка во Градски парк и секој кој е заинтересиран да го охрабри и поттикне успехот на децата со Даунов синдром може да се пријави на трката на https://www.smartrace.club/ или да ја посетии поддржи истата со своето присуство.
Собраните средства од самите пријави ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.
Организаторите ги повикуваат сите на оваа трка и ветуваат многу љубов и забава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) АМЕРИКАНСКИ ДОКТОР (79) ОТКРИЛ 5 ПРАВИЛА ШТО ГИ СЛЕДИ И ГАРАНТИРА ДЕКА ГО ЧУВААТ ДОБРОТО ЗДРАВЈЕ И НЕРВИТЕ: „Немам оправдување да кажам дека имам лош ден бидејќи јас сум одговорен за мојот ден“

Џефри Бленд, американски лекар и основач на Институтот за функционална медицина, целата своја кариера ја …