(ФОТО) Во 90-тите поради филмот Showgirls ја нарекуваа секс симбол, а денес изгледа вака

АКТЕРКАТА Елизабет Беркли била фотографирана пред неколку дена пред трговски центар во Беверли Хилс.
Таа носела долен дел од тренерка, црна маичка и црн елек, со кој искомбинирала розови патики. Косата и била брановидна.

This image has an empty alt attribute; its file name is elizabet-berkli-1-727x1024.jpg


Елизабет ретко се појавува во јавноста, а веројатно најдобро се памети по нејзината улога во филмот Showgirls од 1995. година. Таа ја играше улогата на Номи, девојка која доаѓа во Лас Вегас и станува една од главните забавувачки во градот на коцкањето и промискуитетот.

View this post on Instagram

A post shared by Fashion Enthusiast (@_subtledolce_)


Таа улога и го донесе епитетот на една од најсексапилните жени во светот на филмот, но и обезбеди неколку Златни малини за најлоша актерка и дебитантка. По таа улога, актерката за малку ќе исчезнала од сцената.


Таа ја започна својата кариера со ситкомот од 1989 година Saved By The Bell. Таа и колешката Тифани Амбер Тисен биле на аудиција за една од улогите на Кели, а откако Тисен ја добила улогата, на Беркли и била доделена улогата на средношколка Џеси Спано.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …