(ФОТО) Виткана пита со спанаќ и сирење

Состојки
1 пакетче готови кори (500 г.)
Фил 1
2 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша газирана вода
1 неполна чаша масло
1 преполна чаша брашно
1 пак. прашок за пециво
1/2 лажиче сол
Фил 2
300 гр сирење или урда (изварка)
500 гр спанаќ (блитва, зелје…)
1 јајце
по потреба сол
Користена чаша од 180 мл.

Подготовка: прво подгответе го првиот фил. Изматете ги јајцата со жица и редоследно додавајте ги останатите состојки.
Потоа се спрема вториот фил. Спанаќот или друго зељесто растение, обарете го и исцеддете го од водата. Сирењето издробете го и додадете го во жешкото тавче со спанаќот. Тргнете од оган и вмешајте додека е топло едно јајце. Одделете 3 лажици од првиот фил и додадете ги во вториов. Доколку користите изварка, додадете сол. Сирењето сепак е посолено па со него внимавајте на солењето.
Доколку сакате, спанаќот можи и да не го обарувате,туку без термички третман се’ од вториот фил убаво измешајте.


Во зависност од дебелината на корите правиме слоеви за виткање во ролат. Доколку ви се потенки корите користете 3, па дури и 4 кори.
Значи, се редат 2 кори, секоја се премачкува со првиот фил. Над втората кора на почетокот се става од вториот фил и се витка ролат. Страниците пред ролање подвиткувајте ги навнатре за да не истечи филот.

Корите потоа наредете ги во подмачкано тавче една до друга и со остатокот од првиот фил намачкајте ги одозгора.
Се печат на 200С додека не попримат убава златна боја.


Погодни се за замрзнување. Колку стојат се’ помеки стануваат, секако, доколку убаво ги спакувате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …