(ФОТО) Урнат митот за намената на Кинескиот ѕид

Израелските археолози го урнале митот според кој Кинескиот ѕид бил наменет само да се заштити од налетите на монголите.
Според истражувачите, дел одградбата била користена за контрола на трговските патишта и собирање даноци, пишува Phys.org.


Стручњаците по првпат на мапата ја внеле Северната линија на ѕидот долг 740 километри, која се наоѓа на територијата на модерната Монголија. Тука, ѕидот поминува низ долината,со помала висина е и се наоѓа веднаш до патиштата што не биле користени за воени цели. Според научниците, ова укажува дека Кинескиот ѕид ги ограничил и движењето на цивилите и добитокот и го олеснил собирањето даноци, особено за време на ладниот период, кога луѓето домашните животни ги носеле во потопли јужни пасишта.


Северната линија или Ѕидот на Џингис Кан е изграден помеѓу 11. и 13. век. Изградбата на самиот Кинески ѕид започнала во третиот век пред нашата ера и траела до 1644 година. Неговата должина е повеќе од 21.000 километри, што го прави најголемиот архитектонски споменик во историјата на човештвото. Дебелажината изнесува најмалку десет метри, што го отежнува забележувањето од вселената.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …