МЗ: Поради зголемен број на заразени лица воено медицински персонал се вклучил при земањето на брисеви за тестирање од ковид-19

Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија се вклучи, со поддршка, во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.
Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.
Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразени лица.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој непредвидлив вирус, да соработуваат со епидемиолозите, а исто така да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.
Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …