(ВИДЕО) ЧУДО: Преку ноќ езеро во Индија станало црвено!

Индијците изминативе денови се обидуваат да откријат зошто езерото Лонар во државата Махараштра одеднаш станало црвено, пишува Си-Ен-Ен.
Експертите веруваат дека промената била или поради зголемена соленост на вода или поради присуството на алги, а некои велат дека е можно и двата феномени да се случиле истовремено.
Големото солено езеро во американската сојузна држава Јута и езерото Хилие во Австралија, исто така, честопати стануваат розови.
Локалниот геолог Гајанан Харат изјавил дека тоа се случувало порано, но никогаш не му се допаѓало.
„Оваа година изгледа прилично црвено, бидејќи соленоста на водата се зголеми“, рекол тој и додал. „Количината на вода во езерото се намали и стана плитка, па има зголемување на соленоста и другите внатрешни промени“.


Харат рекол дека истражувачите исто така ја испитуваат можноста црвените алги да предизвикале езерото да ја промени бојата.
Примероците од езерото се испраќаат во неколку лаборатории кои ќе се обидат да откријат зошто водата станала црвена.
Езерото Лонар се наоѓа на 500. километри источно од Мумбаи, и е формирано пред 50.000 години кога Инаку, езерото со години е популарна туристичка атракција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …